01.02.2019
Живот
Месечен хороскоп за февруари 2019 година
Овен
Љубов - Со почетокот на февруари Венера, планетата на љубовта, влегува во вашата астролошка куќа на кариерата, напредувањето и амбициите. Ќе бидете склони кон рационално донесување одлуки и студен пристап кон љубовта, особено во периодот до 11 февруари. До 15 февруари нема да имате многу трпение за туѓите каприци и барања, туку ќе бидете желни за промена. Втората половина од месецот зафатените овни ќе доживеат смирување на полето на љубовта и стабилноста.
Работа - Марс ќе придонесе да бидете одлучни и да преземете акција. Ќе имате многу бизнис-можности и сето она што ќе го направите ќе влијае врз остатокот од месецот. Ќе имате потреба да промените некои работи, а може да се случи да ги промените и соработниците. Можни се нови работни можности.
Здравје - Февруари ќе ви донесе промени во здравјето.
Бик
Љубов - Повеќето бикови на почетокот од февруари ќе доживеат големи трансформации, пред сѐ на полето на финансиите, а кога станува збор за љубовта, ќе ви проработи апетитот. Голема е веројатноста она што го имате со партнерот да не е она што го сакате или да сакате промена. На слободните бикови оваа енергија ќе им одговара и може да им донесе страсна врска со личност од работа.
Работа - До 15 февруари ќе уживате во финансиската стабилност, но и во зголемената заработка. Сепак, до 17 февруари ќе имате опсесивна потреба за трошење, а можни се и непромислени потези. Во втората половина од месецот ќе се стишат страстите и мудро ќе ги распоредите вашите финансии. Оставете ги другите да донесат важна бизнис-одлука.
Здравје - Ќе практикувате метода за надминување на стресните ситуации и ќе биде успешна. Треба повеќе да се одмарате.
Близнаци
Љубов - Февруари ќе биде прилично променлив кога станува збор за емотивните случувања. Почетокот на месецот носи позитивни, а за некои од вас и ненадејни промени. Ова ќе биде можност повеќе да излегувате, да се дружите и во вашите активности да го вклучите партнерот. Ако сте слободни, до 11 февруари во кругот на пријатели може да запознаете доста привлечна и позитивна личност во знакот на овен, вага или стрелец.
Работа - Близнаците веќе некое време се иницијатори на случувања и работни акции во своето работно опкружување. Полни се со идеи и периодот до 10 февруари ќе биде идеален за долгорочно планирање, но и напредување. Особено ако сте вработени во областа на комуникациите, администрација, транспорт и информатички технологии. Од 19 февруари ќе имате неочекувана заработка, но и зголемување на платата.
Здравје - Првата половина на февруари ќе ви донесе добро здравје, доста физички активности, добра кондиција и повеќе излегувања во природа.
Рак
Љубов - На почетокот од месецот ќе бидете под некој вид тензија. Особено во периодот до 8 февруари би можеле да се преоптоварите со работни случувања и сето тоа да му го пренесете на вашиот бизнис-партнер. Исклучете се или научете да балансирате. Од 5 февруари ситуацијата ќе биде значително подобра, особено кај раковите што планираат брак и семејство. Партнерот ќе ви понуди брак или заеднички живот.
Работа - Можни се добивки на игрите на среќа, но и лесна заработка низ креативни и забавни работи. Работата со странци или бизнис-патување е идеално да се случи токму овој месец. Финансиската ситуација од средината на месецот значително се подобрува, а доколку имате проблем со долг, до 17 февруари треба да го решите.
Здравје - Бидете внимателни, постои опасност од падови и повреди.
Лав
Љубов - Февруари ќе биде клучен месец кога станува збор за вашиот емотивен живот. Овој месец ќе ви донесе нова можност повторно да се заљубите во партнерот, а оние лавови што се наоѓаат во нестабилни односи сега би можеле сериозно да се запрашаат што им е потребно во животот. Ќе имате поголема потреба за слобода, а доколку сте сами, може да се појави личност од странство во знакот на стрелец, близнаци или водолија.
Работа - На лавовите им претстои одличен финансиски месец, но и успешни работни одлуки. Можен е прекин на соработката што подолго време ве заморува, но и промена на начинот на работење. Не пропуштајте одлична можност за заработка и дајте сѐ од себе да се покажете во најдобро светло. Доколку работите во областа на образованието, комуникациите или медиумите, периодот по 16 февруари ви носи неочекувано добра заработка.
Здравје - Можни се настики и грип.
Девица
Љубов - Во февруари влегувате со полна енергија, но и стрес. Вие сте личност што сака да ги планира работите, а сега, во периодот до 11 февруари, некои планови би можеле да се променат. Слободните девици околу 2 февруари би можеле да доживеат голема љубов со личност во знакот на бик, скорпија или риби. Сепак, потребно е да бидете внимателни и да не избрзувате со одлуките.
Работа - До 15 февруари повеќе ќе бидете насочени на емоциите отколку на работата, но тоа не значи дека нема да ви оди добро. Ќе имате одлична заработка, но и успех низ партнерските односи и работата поврзана со модерната технологија и интернетот. До 15 февруари избегнувајте потпишување на важни бизнис-договори, но и сериозни работни одлуки. Можни се непланирани трошоци помеѓу 10 и 17 февруари.
Здравје - Здравјето во првиот дел од месецот ќе ви биде променливо, па ќе биде потребно повеќе да се одмарате.
Вага
Љубов - Почетокот на месецот ви носи нови случувања на полето на емоциите, но и големи промени. Овој период може сериозно да ги размрда браковите и подолгите врски што имаат проблем. Ќе имате потреба да се ослободите од сето она што ве задушува. Ќе сакате да ги завршите лошите односи. Слободните ваги на почетокот од месецот ќе се заљубат во разведена личност.
Работа - Финансиската ситуација од 13 февруари значително ќе се поправи, а трошоците што сте ги имале во претходниот период ќе ги надоместите. Доколку сте имале нејасни ситуации или конфликти со колега или соработник на работа во знакот на скорпија, девица или овен, ќе ги решите до 16 февруари. Околу 4 февруари очекувајте наплив на прекрасни бизнис-идеи.
Здравје - Ќе се чувствувате добро.
Скорпија
Љубов - Ќе имате потреба да ги изнесете чувствата во јавност и да му кажете на партнерот што ви пречи или што би промениле. Преоптовареноста на работа би можела да влијае врз вашите односи во негативна смисла. Партнерот ќе има барања што нема да можете да ги исполните. Од 17 до 28 февруари ќе бидете посмирени во комуникацијата. Периодот ќе ви донесе стабилност во долгата врска, а слободните скорпии би можеле да запознаат харизматична и привлечна личност во знакот на риби, рак или девица.
Работа - Периодот до 15 февруари ќе биде полн со промени, а потоа се можни креативности и обнова на старата соработка, но и магични идеи и можности. Можно е во периодот од 14 до 22 февруари во тајност да договорите работа за која одамна сонувате, а партнер во тоа ќе ви биде личност во знакот на риби, јарец или водолија. Успехот и собирањето плодови доаѓаат по 22 февруари, кога и тензијата ќе се намали.
Здравје - Ќе бидете чувствителни на настинки.
Стрелец
Љубов - Ќе бидете прилично позитивни и полни со ентузијазам во текот на февруари. Ова ќе биде период за предизвици за стрелците кои се во нестабилни врски, особено помладите од 30 години. По 10 февруари, ситуацијата благо се смирува и влегувате во една различна фаза. Емотивниот живот ќе го ставите настрана, посебно зафатените стрелци, но вашите емоции ќе бидат стабилни.
Работа - Во финансиска смисла, работите ќе бидат добри. 4 и 6 февруари може да донесат и некои изненадувања поврзани со вашите соработници и колективот во кој се наоѓате, а можни се и неочекувани познанства што ќе ви донесат успех. Ќе имате добра заработка, посебно до 16 февруари. Можно е и зголемување на платата во текот на средината на месецот.
Здравје - Стабилно и во добра кондиција.
Јарец
Љубов - Февруари започнува тензично, а вам нема да ви одговара промената на енергијата бидејќи сте личност која сака работите да се одвиваат полека. Во домот може да се случи некоја ненадејна, но клучна промена. Можно е преселување или некоја промена поврзана со проширување на семејството. Слободните јарци ќе бидат привлечни и отворени за љубов. Во периодот од 16 до крајот на месецот би можела да се случи доста романтична комуникација со некој што долго го познавате.
Работа - Почетокот на февруари ќе ви донесе нови бизнис-проекти, но и проширување на работата. Кога станува збор за работата и финансиите, повеќето јарци очекуваат плоден месец. Бидете внимателни во периодот од 7 до 14 февруари кога се можни конфликти и тензии. Може да се случи ново бизнис-познанство и соработка со женски личности во знакот на девица, вага или бик, но и добра заработка.
Здравје - Ќе чувствувате зголемен умор. Избегнувајте поголеми физички и ментални напори.
Водолија
Љубов - Ќе имате потреба да бидете поотворени и ќе бидете исклучително склони кон флерт, особено во периодот до 11 февруари. Ова ќе биде многу подобар период за слободните водолии бидејќи на кратко патување или онлајн ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот. Ќе имате потреба да го менувате сето она што не одговара, па некои односи би можеле да трпат. Комуникацијата со партнерот би можела да биде заострена доколку не ја сфати потребата за слобода.
Работа - Во февруари многу подобро ќе функционирате во тим отколку како соло-играч. Вашите идеи и планови полека ќе почнат да се реализираат, а ова воедно ќе биде идеален период да станете дел од некој вид здружение или организација, или да започнете бизнис со пријател. Од 10 февруари ќе имате поголема потреба за одмор и повлекување.
Здравје - Релативно добро.
Риби
Љубов - На почетокот од месецот ќе бидете прилично доминантни од иницијатива кога станува збор за партнерските односи. Сѐ ќе зависи од вас, а во периодот до 9 февруари ќе ги барате вашите права во врската или бракот. Првата половина од месецот нема да биде најсјајна за одлуки или промени во односите, но би можела да донесе нова љубов кога станува збор за работата.
Работа - Февруари ќе ви донесе енергија за завршување на старата работа или работата што подолго време стагнира, а почетокот на месецот ќе биде идеален за обновување стара соработка со вага или јарец. Можни се големи бизнис-промени. Изворот на финансии на средината од месецот ќе се промени, а за многумина заработката ќе биде од две професии.
Здравје - Потребно е повеќе да се движите.
Подготвил: Тамара Гроздановски