Денес е среда, 3 мај 2017 година, 123-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:23, а ќе зајде во 19:37 часот. Денот ќе трае 14 часа и 14
минути.
Пред нас е уште едно сончево и многу топло утро. Во овие утрински часови
насекаде во Македонија преовладува претежно сончево и топло време.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес претежно сончево време со појава на
локална облачност и топло време со пораст на температурите, кои ќе бидат
високо над просекот за овој период од годината. Попладне развој на
нестабилност која што во доцните попладневни и во вечерните часови ќе
услови нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици во
западните, северозападните, североисточните и крајните источни предели,
а врнежите ќе изостанат во југоисточните како и понекаде во централните
предели. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак
максималните дневни температури ќе достогнат до 20 односно до 31 степен.
УВ индексот ќе има вредност 6.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претпладне ќе биде претежно сончево со
локална облачност и топло, попладне зголемување на облачноста и услови
за развој на нестабилност која што во доцните попладневни часови ќе
услови нестабилно време и локални врнежи од дожд. Утринската температура
од 13 степени, додека пак максималната дневна до 29 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претпладне претежно сончево и топло
време, попладне развој на нестабилност која ќе услови врнежи од дожд и
грмотевици. Врнежи од дожд нема да има во крајните западни и во
југозападните предели. Минималните температури од 5 до 13 степени,
додека пак максималните дневни од 19 до 30 степени. Во петок претпладне
претежно сончево попладне умерено облачно и нестабилно време со врнежи
од дожд и благо опаѓање на температурите, а поинтензивни врнежи се
очекуваат во источната половина од Македонија. Дневните температуриу од
15 до 26 степени. Во сабота преодна стабилизација на времето, ќе биде
претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални
температури од 14 до 25 степени. Во недела нов бран на врнежи, умерено
облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со
максимлани 11 односно 22 степени. Во источните предело локално постојат
услови да наврнат и над 20 литри.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток и петок, претпладне ќе биде
претежно сончево со локална облачност и топло, попладне и навечер
нестабилно време со локални врнежи од дожд. Максималните температури од
28 односно од 24 степени. Во сабота претежно сончево време со локална
облачност и максимални 23 степени. Во недела умерено облачно и
нестабилно со врнежи од дожд и пад на дневната температура која ќе
достигне до 20 степени.
Weather4all.com.mk