X
 12.06.2017 Живот

Временска прогноза: Температурите во пораст

Денес е понеделник, 12 јуни 2017 година, 163-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути.



Првото утро во новата седмица ни носи претежно сончево и топло утро со температури кои што се вообичаени за овој период од годината. Во југозападните предели имаме појава на зголемена облачност која што во наредните часови ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес под влијание на поле на висок воздушен притисок се очекува претежно сончево и потопло време со пораст на температурите. Во текот на денот ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат значителен пораст во однос на претходните денови и ќе достигнат до 22 односно до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево и топло време. Слаб северен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 29 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе се движат од 25 до 35 степени. Во среда претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со дневни температури кои ќе бидат идентични и ќе се движат од 25 до 35 степени, но во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели со услови за локални врнежи од дожд. Во четврток претежно сончево со локална облачност и посвежо време, попладне во западните предели со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури од 22 до 32 степени. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и дневни температури од 22 до 32 степени. Во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со температури од 20 до 30 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот