Индексот на просперитет се објавува секоја година од страна на британскиот институт „Легатум“. Според него, Норвешка е најпросперитетна земја на светот веќе седма година по ред.
На листата од 142 држави, земјите биле оценувани според економијата, образованието, личната слобода, здравјето на жителите итн. Швајцарија е втора на листата, а Данска следува по неа.
Македонија се наоѓа на
65-то место. Гледајќи по категории, земјата се наоѓа на 86 место во економија, 57 во претприемништво и можности, 70 во политика, 74 во образование, 50 во здравје, 58 во безбедност, 83 во лична слобода и 73 во социјален капитал.
Целосната интерактивна листа можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Листата на 10-те најпросперитетни земји во светот изгледа вака:
1. Норвешка
2. Швајцарија
3. Данска
4. Нов Зеланд
5. Шведска
6. Канада
7. Австралија
8. Холандија
9. Финска
10. Ирска