(
Фото: Profimedia)
Како го плативте вашето прво утринско кафе денес?
Ако сте во Сан Франциско, најверојатно го потпревте мобилниот телефон на терминалот за плаќање, но ако сте во Лондон, можеби само замавнавте со раката на која носите тенка белегзија со сите податоци од вашата сметка. Доколку пак сте во Најроби, веројатно испративте СМС порака.
Ако пак сте во некоја од балканските земји, веројатно плативте на „старомоден“, конзервативен начин – во готово, сосема несвесни дека набрзо тој начин ќе стане дел од минатото.
„Бесконтактното“ плаќање, со картичка или со мобилен телефон, за многумина веќе е дел од секојдневието. Но, замислете иднина во која ќе нема пари и платежни картички, туку само мобилен телефон?
Еден од можните правци за извршување на финансиските трансакции се потпира на биометриските системи, кои предвидуваат дека ќе може да се стапи во интеракција со банкарските сметки преку единствените карактеристики на деловите од телото како мрежницата од окото или отпечаток од прстот. На тој начин лесно можеме да замислиме како ја плаќаме нашата сметка со едноставно допирање со дланката или прстот на апаратот за картички.
Другиот правец предвидува плаќање преку „месинџер“ апликации или преку социјалните мрежи, но на многумина воопшто не им се допаѓа идејата големите ИТ компании да имаат слободен преглед во нивната банкарска сметка.
Третиот правец, и засега најизвесен затоа што секој го има во својот џеб, се заснова на развој на апликации и софтвери поврзани со нашите мобилни телефони.
Најмодерните банки на своите корисници им нудат најсовремено но и најсигурно мобилно банкарство.
Освен фактот дека со користење на овие апликации сметките ќе се плаќаат без провизија и долго чекање во редици, корисникот има преглед на своите финансии но и самиот може да си префрлува пари од една сметка на друга, а менувачницата во рамките на овој систем е особено поволна.
Еден од ваквите сервиси е бесплатната SoGe m-banking апликација, која е лесна за користење, а има и многу предности во однос на шалтерското банкарство.
Во рамките на оваа апликација, парите можете да ги разменувате по посебно поволен курс, и тоа 24 часа во денот, без излегување од дома.