X
 04.08.2017 Технологија

Доаѓа нова ера на транспортот?

Звукот што го произведува хипертунелот, односно системот за транспорт со огромна брзина, е навистина морничав.

фото извор: Hyperloop One

Компанија од Лос Анџелес се обидува да го исполни сонот на Илон Маск за транспорт низ подземни тунели, па извршила тестирање минатиот викенд. Возилото бил направено од алуминиум и јаглеродни влакна, а било долго околу 9 метри. Како што неговата брзина се зголемувала, така неговите 16 тркала се повлекувале како да се создава магнетска левитација.

Ова е голем чекор во развојот на ваквиот транспорт, но за целосно да се реализира, потребна е уште поголема работа и тестирања. Целта е да се најде практична примена и сето ова да го олесни патувањето. Како прво, транспортот треба да биде евтин, односно достапен за повеќемина, кои ќе бидат привлечени да ги променат воздушниот и железничкиот сообраќај за вакво нешто.

Уште не е познато дали ваквиот транспорт ќе се применува во блиска иднина, но барем се знае како звучи.

Повеќе можете да дознаете на следниот линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија