X
 11.10.2023 Живот

Пловечки град би можел да спаси илјадници луѓе во случај на природна катастрофа

Градот Доген е концепт за пловечки град во Јапонија на стартап-компанијата „Ен-арк“. Тој служи како пример за целосно самоодржливи паметни градови кои треба да се градат во иднина за да им се помогне на луѓето во случај на природна катастрофа.

Во градот со пречник од четири километри би живееле 10 илјади луѓе, а би можел да прими и до 30 илјади посетители. Кружниот облик на градот не е случаен - тој е дизајниран да издржи лоши временски услови, вклучително и цунами.

Паметниот град е дизајниран да им обезбеди на своите жители напредна здравствена заштита, која вклучува телемедицина, како и напредни анализи на геномот и крвта на граѓаните. Соларни панели, турбини на ветер, водоводни цевки кои ја прочистуваат и рециклираат отпадната вода се дел од иновациите што ќе обезбедат градот целосно да се одржува самостојно.



Во станбениот прстен на Доген би имало куќи, како и паркови, зелени површини, погони за производство на храна, училишта, спортски терени, болници, стадиони, хотели и канцеларии. Мрежата на автономни електрични возила би го намалила метежот на патиштата, како и загадувањето на животната средина. Благодарение на неговиот модуларен дизајн, Доген може да расте, заедно со неговата популација.



Сè уште не е познато каде точно ќе се наоѓа Доген, но во случај концептот да почне да станува реалност, ќе дознаеме наскоро.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот