X
 21.05.2017 Технологија

Како да поставите автоматско одговарање на пораки додека возите?

Навистина е тешко да посегнете по телефонот и да одговорите на порака додека возите, но дефинитивно е подобро тоа и да не го правите, бидејќи голем број на несреќи се случуваат токму на таков начин.


Одговорот на пораките може да се регулира, па да нема потреба да го ризикувате својот и животот на останатите додека сте во автомобил, или едноставно не сте во можност да посегнете по телефонот. Кај некои понови модели на автомобили постои одлична OS интеграција. Автоматскиот одговор е дел од „Android Auto“, кој можете да го инсталирате на секој модерен Андроид телефон. Ќе го вклучите менито, потоа во „Settings“ и на крајот на „Auto-reply“, каде што ќе ја составите пораката.

Сепак, ќе биде потребно да го кликнете копчето „reply“, кога ќе ви пристигне порака, но тоа е само еден клик, а не целосно типкање на порака. „Android Auto“ функционира со сите апликации за пораки како „Facebook Messenger“, „Hangouts“ или „WhatsApp“.

IFTTT (If This Then That)“ – и ова е опција за одговарање на пораките наместо вас, но само на Андроид. Избирате „Any new SMS received“, потоа „Android SMS“ и „Send an SMS“. Компонирајте ја вашата порака и одберете го бројот на примателот на истата. Овде е само потребно апликацијата да ја вклучите кога ќе возите, а потоа да ја исклучите, другото се врши автоматски.

Можете да најдете голем број на апликации за менаџирање на пораките автоматски. Една од нив е и „SMS Auto Reply Text Message“. Лесна за користење, флексибилна, со понудени инструкции.

Што се однесува до „iOS“, ако вашиот автомобил овозможува „CarPlay“, тогаш може да и се обратите на Сири за да одговори на пораката, но ако немате тогаш треба да поставите „SMS template“, но и тоа бара посветување повеќе време на мобилниот додека возите. Во таков случај, се препорачува телефонот да го поставите на „airplane mode“, или да ги исклучите нотификациите за SMS.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија