Користењето авиони за да се напишат пораки на небото е забрането во Велика Британија, но сега тоа ќе се промени.
Пишувањето на небото било забрането од страна на британската влада во 1960 година поради грижата за безбедноста на граѓаните и потенцијалното пренесување политичка пропаганда. Сепак, властите сега планираат да го сменат законот за да го дозволат пишувањето на небото за одредени намени, како реклами, роденденски честитки и запросувања.
Министерството за транспорт претпоставува дека пишувањето на небото може да ги зголеми приходите од даноци за 4 милион фунти во следните пет години. Освен тоа, ќе се обнови авијацијата, како и рекламните индустрии, и ќе се прошири пазарот за работа на пилотите. Во моментов е дозволено носење пораки на банери со авион во
Велика Британија.
Сепак, некои се загрижени дека зголеменото пишување на небото ќе ги зголеми емисиите на јаглероден диоксид во воздухот, а има грижи и за користење на опцијата за испраќање несоодветни пораки.
Според министерството, навредливата и нелегална содржина ќе подлежи на законот како криминално дело. Властите велат дека чадот кој се користи за да се направат пораките не е отровен и е биоразградлив.
Испуштањето јаглероден диоксид од авионите што ќе ги оставаат пораките се проценува на 3 тони годишно, во споредба со 35 милиони тони за целата авионска индустрија во земјата. Според министерството, овие емисии се минимални и имаат незначително влијание во однос на вкупното испуштање јаглероден диоксид во земјата.
Автор: Питер Стабли
Извор:
independent.co.uk
Фото: Unsplash