X
 27.05.2017 Култура

Најпопуларни дестинации за одмор во моментов


Плажа на зајдисонце
(Фото: Pixabay)

И самите знаете дека се наближува моментот за најважносто прашање во сезоната – каде да се оди на летување?

Поаѓајќи токму од ова, „Elle“ одлучиле да направат истражување низ социјалните мрежи со цел да откријат кои дестинации се најпребарувани на „Гугл“ и останатите платформи.

Според статистиката која ја изготвиле од популарниот сервис за изнајмување на сместувачки капацитети, Airbnb, некои места традиционално се омилени за поминување на летниот одмор. Но, постојат и такви места кои ја подигаат посетата на туристичките сајтови и неочекувано се најдоа на листата на посакувани летни дестинации.

Можеби оваа листа ќе ви помогне да одберете каков одмор посакувате годинава – опуштено да се излежувате на плажа или сепак приоритет ќе им дадете на лудите журки и забави.

1. Тенерифе, Канарски Острови

Познат е и како островот на вечната пролет, затоа што има блага клима во текот на целата година. На зима температурите се движат околу 20-от степен, додека во лето не преминуваат над 30 степени. На Тенерифе е донесен акт кој забранува изградба на хотели со категоризација пониска од 5 ѕвезди, а хотелските комплекси опфаќаат различни услуги како терени за голф, конгресни сали, сè со цел подобрување на стандардите на туристичката понуда. Една од најубавите плажи е Ел Дјук, која е позната по сивиот песок и мноштво ресторани кои нудат одлична храна и пијалоци и загарантирана забава, се разбира.

2. Шкотската висорамнина

Пределите кои изгледаат „филмски“, со пријатна но малку „поостра“ клима, романтични замоци и фабрики за виски, со сигурност гарантираат одлична забава!

3. Рејкјавик, Исланд

Само минатата година речиси два милиони туристи го посетиле главниот град на Исланд. Живописната  архитектура, атрактивните  ноќни забави  и преубавиот водопад Галфос  придонесуваат Рејкјавик да стане посакувана дестинација за сите вљубеници во патувањата.

4. Кјото, Јапонија
 
Кјото е вториот град во светот по бројот на Мишелинови ѕвезди и веднаш е јасно дека  во градот има врвна гастрономска понуда. Овде ве очекуваат и преку илјада светилишта и храмови, така што љубителите на источничката архитектура би биле воодушевени.

5. Бора Бора, Полинезија

Го одзема здивот! Пределите со палми, кристално чистата вода и звуците на укулеле музиката  предизвикуваат  романтични чувства и незаборавна опуштеност.

6. Њујорк, САД

„Големото јаболко“, „Градот што никогаш не спие“, „Сексот и градот“ – само овие синоними говорат сами по себе. Забавата е загарантирана, градот е културен и уметнички центар, излегувањата се феноменални. Значи, ако се одлучите за најубавата забава на светот, знаете каде треба да одите.

7. Санторини, Грција

Ако сè уште не сте биле таму, треба да се прашате – па што чекате?! Сино-бела комбинација на локалната архитектура, летен ветрец, море и уживање!

8. Барселона, Шпанија

Сè е совршено во овој град од културата, од архитектурата до излегувањата и храната. Забавата е приказна за себе,  а кулинарската сцена се смета за една од најдобрите во Европа. Шаренилото и силната енергија на оваа шпанска метропола најмногу ќе им одговараат на оние кои преферираат активен одмор.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура