X
 19.04.2019 Живот

Виена против летните горештини - ќе климатизира цела улица

Научниците со векови предупредуваат на негативните последици од порастот на температурата врз луѓето и растителниот и животинскиот свет. Првите последици се веќе видливи во градовите каде што порастот на глобалните температури значително ги менува локалните климатски карактеристики и води кон создавање таканаречени урбани топлински острови. Виена го препозна овој проблем и затоа одлучи да го спроведе овој пилот-проект на една улица.

Виенските научници пресметале дека до крајот на векот во округот Нејбај годишно би можело да има 50 до 55 жешки денови, со што ќе стане една од најжешките области во Виена. Децата, болните и постарите луѓе, но и животните се особено погодени од високите температури.

За да дејствува против летните жештини и да им го олесни животот на жителите, Виена почнува пилот-проект на улицата „Циклгасе“, со што би требало да стане првата улица со можност за регулација на температурата на воздухот.

2,4 милиона евра трошоци

Реконструкцијата на улицата, позеленување на површините, инсталирање на системи за ладење и навлажнување на воздухот и инсталирање на бунари за вода за пиење треба да го зголемат квалитетот на животот на жителите. Трошоците за овој проект изнесуваат 2,4 милиона евра. Градот ќе покрие 70 отсто од трошоците, додека останатите 30 отсто ќе ги финансира самиот округ од сопствениот буџет.

- Климатските промени се еден од најголемите предизвици за идните генерации. Негативните ефекти од порастот на температурата се особено забележливи во областите во центарот на градот, како што е округот Нејбај - изјави заменик-градоначалникот Биргит Хебеин на презентацијата на проектот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот