X
 08.09.2016 Забава

Во Загреб отворена уникатна игротека за сите возрасти

Во Загреб е отворена “Мозгалница - паметна играчница”, единствен едукативен центар во светот наменет за деца, но и за возрасни. Станува збор за потполно нов концепт кој преку 250 древни игри, сложувалки и гатанки, му  се овозможува  на посетителите квалитетно, забавно и креативно  поминување на слободното време со кое располагаат. Во овој едукативен центар сите посетители добиваат можност да го стимулираат и  да го одржуваат во кондиција својот мозок низ игра и забава, со поддршка од стручни лица кои им помагаат во решавањето на задачите и примена на наученото во секојдневниот живот.

Првиот дел од овој едукативен центар е наречен “паметна играчница”, во кој може да учествуваат луѓе од сите возрасти, и тоа самостојно, семејно или во групи - и да играат игри што бараат многу “мозгање”, како што се најпознатите светски мозгалици - танграми, пентомини, пирамиди и многу други.

Вториот дел од центарот е “Размисли и реши” едукативна  програма за ученици од основните училишта што ги водат сертифицирани професори кои кај децата поттикнуваат развој на когнитивните, социо-емоционалните и моторичките вештини. Оваа програма има 6 нивоа и функционира како воншколска активност. Темел на оваа програма се дрвените дидактички игри кои придонесуваат за развој на капацитетот за внимание, спацијалното и логичкото расудување. Ваквиот тип на дидактички  игри влијае врз развојот на способноста за креативно мислење и  капацитетот за носење на одлуки . Преку современи методи, менторите поттикнуваат кај  децата когнитивен и емоционален развој и самоконтрола, како најважен фактор за успех на секој поединец. Примарна цел на оваа едукација е добрата забава, што се покажа како најлесен, најбрз и најделотворен начин на учење.

Третиот дел од овој систем се состои од организирани посети на училишта како и тим-билдинг програми, заеднички прослави на родендени како и разни други групни настани.


Мозгалница
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава