X
 31.05.2017 Образование

Спиро Ристовски: Укинувањето на екстерното е популистичка антиреформа

Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење кое се применува во сите европски земји. Укинувањето што СДС го предлага е само популистичко додворување на дел од родителите и учениците и нивна злоупотреба заради политички поени. Со ова укинување СДС само ќе им направи контра услуга на среден и долг рок, бидејќи го враќа повторно на мала врата образовниот процес од времето на транзицијата кога оценките не беа одраз на знаење, туку резултат на притисоци врз наставниците, влијанија од страна на родителите и спуштање на критериумите кои потоа ќе се одразат на пазарот на трудот – изјави Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.



Реакцијата следуваше откако кандидатката за нов министер за образование, Рената Десоска од СДСМ најави дека трите закони со кои ќе биде укинато екстерното утре ќе се најдат на дневен ред во Собранието.

- Оваа популистичка антиреформа на СДС ќе предизвика криза на вистинските вредности. Децата ќе бидат изедначени по оценки и нема да се вреднуваат трудот и квалитетот. Наместо да нуди конкретни мерки за подобрување на квалитетот на образованието, СДС прави чекори од кои потоа во иднина ненадоместлива штета ќе трпат пред се децата и нивните родителите. Децата ќе станат неконкурентни на меѓународните пазари на труд каде се бара вистинско знаење – рече Ристовск

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование