X
 07.06.2017 Наука

Напредок во науката - откривање на канцер преку тест на крвта

Нов тип на тест за канцер дава ветувачки резултати во физибилити студијата за откривање на рана фаза на болеста, отварајќи пат за иднината кога ќе може да се дијагностицира ракот со едноставен тест на крвта.


Технологијата вклучува скенирање на крвта на делови од ДНК зафатени од тумори. Уште се нарекува и „течна биопсија“, а резултатите кои ги дава оваа технологија се чекор напред во надградувањето на дијагностиката. Во моментов, најдобра метода во здравството за утврдување на болеста е биопсијата, која подразбира отсекување на мало парче од канцерогеното ткиво за анализи во лабораторија. Но, често биопсиите се болни и потребно е веќе да се има тумор, или да постои цврсто сомневање дека има за да се реализира овој метод.

Целта е да се открие болеста во најрана фаза, а новата технологија преку која научниците се фокусираат на фрагменти од ДНК, ветува многу. Во нивниот експеримент тие зеле примероци од 124 метастазирани клетки на рак на дојка, рак на белите дробови и напреден рак на простата кај пациенти. Ги скенирале примероците со 508 различни генетски мутации. Со нивната метода добиле 100 пати повеќе податоци од било кој друг научен пристап. Ги споредиле резултатите со оние од земените примероци и генетскиот материјал кој пациентите го имаат во белите крвни зрнца. Идентификувале 864 генетски разлики во три вида канцери и пронашле 73 проценти од нив во тестовите на крвта.

Кај 89 проценти од пациентите, пронашле барем една мутација и во канцерогените ткива и во крвта. Тимот ќе продолжи да го надоградува истражувањето, односно да продолжи со вршење тестови на илјадници луѓе, кои имаат и немаат канцер. Иако методата ветува, сепак потребни ќе им бидат уште многу податоци за оваа технологија да стане начин за рано откривање на болеста.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука