Објавено е истражувањето „Студентска кошничка на студентите на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет“. Истражувачите на Форумот за образовни промени ги идентификуваа и ги анализираа најголем дел од трошоците што ги имаат студентите за цела академска година.
Преку интервјуа со студенти на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет ги истражуваа трошоците што овие студенти ги имаат во текот на еден семестар.
Податоци за Економскиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“
Студентите на Економскиот факултет со самофинансирање плаќаат 12.321 денар за еден семестар и 2.150 денари за други трошоци (ИКСА и административни). Просечните трошоци за секој студент посебно за еден семестар се како што следува:
• За литература 3.520 ден.
• За потрошни материјали: 1.400 денар.
• За превоз: 9.348 денари.
• За домување: 26.400 ден.
• За храна: 12.650 ден.
• За рекреација: 14.202 ден.
Просечни трошоци за секој студент посебно за еден семестар: 81.335 денари (1.317 евра)
Просечни трошоци за секој студент посебно за една академска година: 162.670 денари (2.634 евра)
До завршување на додипломските студии: 650.680 денари (10.535 евра)
Податоци за Филолошкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“
Студентите на Филолошкиот факултет со самофинансирање плаќаат 12.321 денари за еден семестар и 1.250 денари за други трошоци (ИКСА и административни). Просечните трошоци за секој студент посебно за еден семестар се како што следува:
• За литература 2.012 ден.
• За потрошни материјали: 760 ден.
• За превоз: 10.340 денари.
• За домување: 21.875 ден.
• За храна: 12.958 ден.
• За рекреација: 11.758 ден.
Просечни трошоци за секој студент посебно за еден семестар: 72.618 денари (1.176 евра)
Просечни трошоци за секој студент посебно за една академска година: 145.236 денари (2.352 евра)
До завршување на додипломските студии: 580.944 денари (9.406 евра)
Податоци за Факултетот за медицински науки, Универзитетот во Тетово
Студентите на Факултетот за медицински науки со самофинансирање плаќаат 12.321 денари за еден семестар и 750 денари за други трошоци (ИКСА и административни). Просечните трошоци за секој студент посебно за еден семестар се како што следува:
• За литература 6.579 денари.
• За потрошни материјал: 2.476 ден.
• За превоз: 6.541 ден.
• За домување: 14.809 ден.
• За храна: 15.589 ден.
• За рекреација: 11.360 ден.
Просечни трошоци за секој студент посебно за еден семестар: 69.850 денари (1.131 евра)
Просечни трошоци за секој студент посебно за една академска година: 139.700 денари (2.262 евра)
До завршување на додипломските студии: 698.500 денари (11.309 евра)
Перцепција на граѓаните: студентите и цените, евтино или скапо?
Во вториот дел од истражувањето „Студентска кошничка на студенти на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет“ анкетираа онлајн вкупно 185 лица за да ја уочат општата перцепција на граѓаните за цените во однос на студентите. Одговорите се следни:
• 85,4% од испитаниците сметаат дека цените на основните прехранбени производи се скапи.
• 80% од испитаниците сметаат дека цените на основните прехранбени производи не се прифатливи за студентите.
• 81,1% од испитаниците сметаат дека помошта на државните институции за студентите не е доволна.
• 79,5% од испитаниците сметаат дека државните универзитети не обезбедуваат доволно помош/стипендии за студентите.
• 80% од испитаниците сметаат дека сумата од 140 денари дневно што им се доделува на студентите не е доволна.
• 57,3% од испитаниците сметаат дека цената од 3.410 денари за студентски дом не е прифатлива за студентите.
• 53,5% од испитаниците сметаат дека цената на студиите/семестарот на државните универзитети е висока.
• 62,2% од испитаниците сметаат дека цените на книгите и другите материјали за трошење се не прифатливи за студентите.
• 62,2% од испитаниците сметаат дека студентите немаат финансиски можности за културни, спортски и туристички активности.
• 83,8% од испитаниците сметаат дека студентите не можат да си ги дозволат месечните трошоци без да бидат вработени.
• 66,5% од испитаниците сметаат дека во следните 12 месеци економската состојба и животниот стандард на студентите ќе се влоши.
По ова истражување, Форумот за образовни промени препорачува да има бесплатно јавно образование за сите студенти, да се дигитализираат административните услуги, да се зголеми износот на државните стипендии и да се прошири листата на факултети со највисоки стипендии, да се прошири листата со категории студенти што добиваат државни стипендии, да се прошири листата со категории студенти кои се ослободени од учество.
Автор и уредник на истражувањето е Ардит Рамадани, истражувачи се Сабрије Тефики, Кристијан Стефановски и Иван Трајковски. Истражувањето го преведе Бехаре Касами, а го дизајнира Виган Демири