X
 05.03.2018 Наука

Кина и Русија заедно ќе ги истражуваат Месечината и вселената


Месечината
(Фото: Thinkstock)



Пред два дена Русија и Кина потпишаа договор за соработка во областа на истражувањата на Месечината и вселената, но и за изградба на центар за лунарни истражувања.

Двете земји постигнаа договор за креирање заеднички центар за размена на податоци за лунарни проекти и проекти за вселенски истражувања, соопшти Руската вселенска агенција  „Роскосмос“.

Во проектот ќе бидат вклучени научни и индустриски организации, како и компании, стои во соопштението.

Државите, исто така, ќе ги разгледаат и можностите за меѓусебна помош во спроведувањето на лунарните програми, како лансирањето на рускиот орбитер „Луна 26“ во 2022 година, додека Кина планира слетување на јужниот пол на Месечината во 2023 г.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука