X
 09.06.2017 Живот

Бесплатни места низ светот за волонтери

Ова е листа на неколку места во светот каде што на волонтерите кои ќе помагаат во работата и одржувањето на објектите им се нуди бесплатно сместување и храна.

фото извор: Alice Luker

Helga’s Folly“, хотел во Канди, Шри Ланка

Живописни фрески нацртани по ѕидовите – ова е сликата на хотелот во Канди, Шри Ланка, кој е во сопственост на Хелга де Силва Блоу Переира, која во 1988 година започнала да го слика хотелот. Во тоа време со него раководеле нејзините родители, а таа се разведувала од вториот сопруг, но и закрепнувала од самоубиството на првиот сопруг, Британскиот писател и историчар Џонатан Блоу.

Хотелот има 30 соби, а целиот е прекриен со психоделични цвеќиња, животни, фолк танчари и слично. Хотелот, Хелга го наследила во 1944 година, па од 2016 година таа е домаќин на амбициозни сликари на фрески и преку веб страницата „workaway.info“, често кај неа доаѓаат сликари. За регуларни гости, цените во хотелот се прилично високи. Но, за волонтерите сликари ова место е бесплатно. Се што треба да направат е половина од денот да го поминат во сликање.

„Mad Monkey“ хостели, Камбоџа и Филипини

Артисти, музичари, Ди Џеј-и, фотографи, писатели и блогери се поканети да аплицираат во „Creative Hub“ програмата, преку која волонтерите можат да се сместат бесплатно во замена за пуштање музика како Ди Џеј, или пак пишување на туристички водич за местото за неговата веб страница. Уметниците пак може да создадат некое дело кое ќе биде изложено во хостелот и за тоа да добијат неколку ноќевања бесплатно.

„Sunrock Backpackers’ Hostel“, Крф

Се наоѓа до плажата Пелекас и е погоден за сите кои сакаат еден месец да поминат во Грција. Хостелот нуди волонтерска програма во замена за храна и сместување. Волонтерите можат да помагаат во секојдневните обврски во хостелот, да работаат на органската фарма, со задачи како на пример, да ги хранат животните, да собираат јајца, како и овошје и зеленчук.

„Piha Beachstay“, Оукланд, Нов Зеланд

фото извор: Andrew Watson/Getty

Крајбрежно село одлично за оние кои сакаат самотија и сурфање. Волонтерите може да помагаат во градинарството, генералното одржување на местото и да се вклучуваат во еко проекти.

„The Place“, Јужна Африка

Мирна фарма со прекрасна долина каде што има две колиби за гости. Добредојдени се и уметници бидејќи местото располага со арт студио. Може да се вклучат и волонтери кои ќе се грижат за градинарските култури, конструкција на мали објекти, но се разбира дека ќе имаат и доволно време за медитација, читање, учење и истражување на фармата.

„Casa Mermejita“, Оаксака, Мексико

Креативен еко хотел исполнет со привремена уметност и опколен со тропска фауна. Најмногу одговара за уметниците чии дела се поврзани со земја, песок и карпи. Во замена за уметничките дела кои ќе се создадат тука, домаќините нудат приватна соба, два оброка дневно и потенцијална заработувачка за сработеното уметничко дело, тоа сепак зависи од преговорите со нив.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот