Основната верзија на една од најпопуларните видеоигри во светот, „Симс 4“, од 18 октомври ќе стане бесплатна. Играчите ќе може да ја преземат за компјутер или конзола.
„Електроник артс“, фирмата која стои зад повеќе популарни видеоигри, одлучи да ја понуди оваа игра бесплатно. Од компанијата известија дека ќе продолжат да развиваат пакети поврзани со играта во иднина, иако основната верзија ќе биде бесплатна.
Освен тоа, играчите што претходно ја купиле оваа игра ќе добијат додаток кој ќе им овозможи поставување луксузни декорации инспирирани од пустински материјали. За да го добијат овој додаток, играчите треба да се пријават помеѓу 14 и 17 октомври.
Извор:
Srednja
Насловна фотографија: Pixabay