Судирите кои се одвиваат во регионите на Израел, Палестина, пакистан, Јемен, изгледа како никогаш да нема да се решат. Се работи за навистина чувствителна ситуација бидејќи судирите треба да се набљудуваат од религиски и историски аспект, но пред се тоа се класични борби за власт и контрола.
Ова се 10 најголеми
судири во денешно време.
1. Либија
Борбата за истерување на терористите од Исламската држава од градот Сирта траеше цела година. Терористите избегале накај Тунис, а таму се допрени, за потоа да заминат по патот на сахарскиот југ од Либија каде што никој нема контрола. Либија има и проблем со решавањето на централната власт заради спорот помеѓу Триполи и Тобрук, а како главен протагонист се разјасни генералот Калиф Хафтар кој ја доби и поддршката од Русија и нема намера да го препушти истокот на земјата на Западот.
2. Египет
Генералот Абдел Фатах ал Сиси бил сигурен дека на земјата ќе и ја врати безбедноста. Две години никако да го искорени Синајскиот вилает, франшизата на таканаречената Исламска држава која е одговорна и за убиството на Хрватот Томислав Салопек. Освен нив, дејствува и муслиманското братство чии млади незадоволни членови не се исклучоќ што се однесува до терористичките активности. Египет е во кавга и со Саудиска Арабија, па останаа и без евтина нафта.
3. Израел
Палестинците и натаму се проблем. Вистинската закана е Сирија во која и натаму не е видиливо решение за кризата, но засега ниедна страна нема намера ниту да се обиде да му замери на Ерусалим. Оваа состојба ќе потрае, апремиерот на Израел се надева дека Доналд Трамп ќе му даде поддршка за анексијата на источен Ерусалим.
4. Јордан
Власта конечно го разби терористичкиот напад, но не е објавено кој е организаторот. Кралот Абдулах настојува на секој начин да ја заштити земјата од вовлечување во сиријската и ирачката војна, но интересите на бројните терористи се спротивни – хаосот во Јордан би отборил врата кон Израел, па и кон Египет. Потоа не може да се утврди опсегот на кризата. Токму тоа е и целта бидејќи преку Јордан би се поврзале боиштата на истокот со оние на северот на Африка. Познато е дека во Јордан има ќелии на таканаречената Исламска држава, а и на други терористички групи.
5. Турција
Претседателот Реџеп Таип Ердоган имал можност да оствари примирје со Курдите и да се претвори во фактор на стабилност во целиот регион. Но, наместо тоа, тој повторно е во судир со Курдите, а е во кавга и со другите држави кои се вклучени во судирот со Сирија, а потоа на своја рака се вклучи и во војна со Сирија и Мосул. Целта е и повеќе од јасна : Да се осигураат стратешките турски интереси – на границата со Сирија да не се формира курдска држава, а Турција што поцврсто да се закотви околу Мосул. Големото прашање е што од тоа ќе успее, посебно во ситуација кога на домашен план е на удар на терористи, а интересите не се поклопуваат со ниту еден од актерите на ирачкиот и сириски простор.
6. Сирија
Сирија е пример за најразорен судир заради неподготвеноста било кој да се откаже, да се согласи на разговор, за постави услови кои би довеле до престанок на убивањата. Војната трае веќе шеста година, загинатите веќе е тешко и да се избројат, а фотографиите од напатени деца постојано го вознемируваат светот. Башар ал-Асад дојде до Алепо или до она што од Алепо остана, а сега е прашање што ќе се случува понатаму и како ќе се договори со своите сојузници, Русите и Иранците и што ќе им понуди на Курдите за да ја сопрат Турција. Исламската држава не му е пречка, а тој ќе си ја чува својата моќна положба.
7. Ирак
За време на летото во 2014 таканаречената Исламска држава во еден ден го прегази Мосул, кој потоа Абу Бакр ал-Багдади го прогласи за калифат. Иран и САД веднаш дотрчаа на терен бидејќи и падот на Багдад беше невозможен. Потоа поставија нова влада, извршија реорганизација на војската и почнаа да ги поттиснуваат џихадистите. Сега трае борбата за Мосул, а потоа доаѓа нов предизвик – како да се обезбеди сунитите и шиитите да продолжат да ја делат истата држава, да почнат да си веруваат едни на други и да градат заедничка држава. Шиитите тврдат дека сите сунити се за Исламска држава, а сунитите пак, дека овие првите сакаат да ги убијат. Курдите гледаат и чекаат. Ќе опстане ли државата или ќе се поставуваат нови граници?
8. Јемен
Јемен била земја без вистинска власт додека со земјата владеел три децении Али Абдулах Салех. Попрецизно, владеел со нафтата додека не била исцрпена, а другото не го интересирало. Јемен се претвори во засолчниште на терористите од ал-Каеда. Тогаш покажале интерес и Американците, кои го убија најопасниот лидер на групата Анвар ал-Авлакија. Обезбедија мирен пренос на власта, што не им се допадна на Иранците, па следуваше бунт. Бунтот доведе и до војна во која се вклучија и ал-Каеда и Исламската држава која бара места за дејствување ако се сруши Рака Мосул. А Саудиска Арабија го поддржува новиот претседател Мансур Хадија, што доведува до судир со Иран.
9. Авганистан
Се започнало со советската интервенција во 1979 година и уште трае. По нападот на Ирак се појавила надеж дека состојбата ќе се смири, но повторно настанал хаос во регионот кој ги поттикнал талибанците да се групираат и да тргнат во остварување на својот интерес : да се вратат на власт која ја изгубија заради американската интервенција во 2001 година. Власт има само во Кабул, а влезот на Исламската држава во земјата го спречуваат самите талибанци.
10. Пакистан
Имаат атомска бомба, односно повеќе атомски бомби. Во судир се со соседна Индија заради Кашмир и само оваа есен тамѕ загинаа повеќе од 100 лица. Сите се плашат дека можно е да дојде до четврта војна, дали некој од нив, ако почне да губи, би посегнал по бомбите. Проблем има и со Иран кој сака да има контрола над Авганистан, а контролата ја сака и Пакистан. Кина е само вистинскиот сојузник. Кога на сето тоа ќе се додаде и фактот дека не го сакаат својот премиер Наваз Шариф и дека војската е најмноќната сила во земјата, се појавуваат нови стравови. А Исламската држава веќе има убиено десетина лица.