Скопје, 19.06.2017. Во 48мото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во сабота на 17ти јуни 2017, постигната беше добивка 7ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари.
Уплатата е реализирана во Куманово во среќното место Кеопс. Уплатени се четири комбинации од по 20 денари и еден Џокер број од 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 100 денари. Добитна беше третата комбинација, а среќните броеви кои на играчот му носат 100.000 евра се: 6, 10, 15, 20, 25, 30 и 34.
Уплатата е реализирана на 16ти јуни, ден пред извлекување, а ова е токму 16тата седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.
Среќното место Кеопс во Куманово по втор пат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната 7ка и ова е прв пат што се повторува 7ка во исто среќно место. До сега градови во кои е постигната 7ка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка.
Највредната седумка до сега носеше 27.503.930,00, со броеви уплатени во киоск на Југодрво во Скопје, минатата, 2016та година.
Оваа 16та седумка е втора по ред во оваа година, а година со најголем број седумки е 2015та кога се постигнати дури четири 7ки. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме со нашите лото играчи да го надминеме бројот на до сега рекордната 2015та, по број на постигнати 7ки.
Фондот за 7ка за наредното коло изнесува 6.000.000,00 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер ќе надмине 1.000.000,00 денари.
Среќниот добитник на оваа 16та 7ка го очекуваме во просториите на Државна лотарија на Македонија со електронската потврда за уплата на неговите среќни броеви, во врска со кои веруваме дека ќе добиеме интересна приказна која ќе ја споделиме со вас.
Играта НовоЛото 7/34 ја носи најголемата добивка во Македонија, а кој игра, тој добива.
За добро!