X
 09.05.2019 Живот

500.000 евра во Кавадарци - Најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија

Во 5. коло Лото7, одржано вчера на 8 мај 2019, нè израдува првата 7-ка од играта Лото 7. Извлечените броеви 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7-ка вредна 29.293.930,00 денари.

Ова е досега најголемата лото-премија во историјата на Државната лотарија. Седумката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7-ка се збогати со нов град каде што од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7-ка на Лото 7 е прва 7-ка во Кавадарци и 22-ра 7-ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.

Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари ја извршил на 6 мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.



Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. Досега дел од нашите среќни добитници на 7-ка со задоволство ги споделија своите лото-искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7-ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. Засега, по контактите со нашето продажно место во Кавадарци, дознавме дека во Кавадарци веќе се слави. А има и зошто. Во Кавадарци досега се освоени многубројни премии од инстант-лотарија и веќе се возат автомобили добиени на инстант-лозови, но ова е прв пат Кавадарци да слави за 7-ка на лото со која нивен сограѓанин застана под среќна ѕвезда.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот