Ако се стопи сиот мраз на земјината површина нивото на морето ќе порасне од 66 до 91 метро според геолошко истражување направено во САД.
Фото: REDDIT / GEOGEEK1
Ова целосно би го променил брегот на стариот континент како и на другите континенти и ќе избрише од картата голем дел од градовите во светот. Ова е неизбежно ако продолжи употребата на фосилни горива.
Корисник на Редит
GeoGeek1 креирал мапа на која е прикажано како во Европа мразот е стопен, а брегот има поинаква форма.
Притоа, поголемите градови како Лондон, Венеција, Брисел, Амстердам, Копенхаген, Стокхолм, Истамбул, Хелсинки и Санкт Петерзбург се потопени. Холандија е целосно под вода, како и поголем дел од Данска.
Лошата вест е дека ако продолжиме да додаваме јаглерод во афмосферата, веројатно е дека ќе креираме планета без мраз. Добрата
вест е дека ова би биле потребни повеќе од 5000 години.
Како изгледа Европа сега:
Фото: Getty Images/iStockphoto/PeterHermesFurian
Како би изгледала Европа кога би се стопил целиот мраз: