Во однос на цената на недвжнини, цената на еспресо кафе и вечера во ресторан за брза храна, направена е листа на седумте најскапи градови за живот во светот. Важно е да се напомени дека и покрај високата цена, жителите на овие градови се задоволни и среќни бидејќи имаат шанса да ја обезбедат својата иднина.
Литар бензин во Копенхаген, главниот град на Данска надминува 1.7 евра, додека дневните весници чинат околу 3.6 евра. Хамбургерот е околу 8.6 евра, а еспресо кафе чини 5 евра. Месечната кирија за луксузен апартман чини 2.370 евра.
Во Луанда во Ангола хамбургерот чини до 15 евра. Киријата во екстравагантен стан со две спални соби чини до 6.000 евра, а една чаша еспресо е 3.5 евра.
Во Хонг Конг најумерени се цените на брзата храна. За 3 евра можете да добиете било што на менито. Кафето чини 4.3 евра, литар бензин 1.5 евра, а кирија на стан околу 3.700 евра. Дневните весници чинат околу 4 евра.
Кафе за носење во Москва чини 6 евра, а дневните весници околу 8.6 евра. Месечната кирија изнесува 3.100 евра.
Во Цирих за хамбург треба да одвоите повеќе од 8.5 евра, за дневни весници 2.5 евра, а за кафе 4.3 евра. Киријата изнесува околу 2.500 евра.
Уште еден град во Швајцарија се најде на листата на најскапите места - Женева. Во овој град киријата изнесува повеќе од 3.500 евра, бензинот 1.3 евра, хамбургерот 8.6 евра, а весниците 3.4 евра.
Дневните весници во Токио чинат 4.7 евра, еспресо кафето околу 6 евра, колку што чини и еден чизбургер. Литар бензин Јапонците во Токио ги чини 1.7 евра, а луксузен стан 3.800 евра.