Според една нова студија направена со 2000 деца од 80 основни училишта во Девон, најмалите деца во одделенијата имаат позагрозено ментално здравје отколку нивните соученици.
Фото: pixabay.com
Обично се мисли дека децата кои порано ќе почнат со училиште се попривилегирани, но сега се осознава дека тоа не е точно. Имено, овие деца се повеќе изложени на стрес поради напорот да не заостануваат зад соучениците, особено ако дополнително имаат потешкотии во учењето.
Оваа студија е објавена во магазинот Child Care, Health and Development, а истата би можела многу да влијае родителите да го одлагаат заминувањето на децата во училиште. Таа исто така би можела да го смени и пристапот кој наставниците го имаат кон најмладите ученици.
Научниците од студијата обрнале внимание и на однесувањето на нивото на среќа и однесување на децата кои рано тргнуваат на училиште, но не нашле значајни разлики меѓу помладите и постарите деца.
Според нив, да се биде најмлад во училиштето може, но и не мора да биде штетно. За предвремено родените или за оние со тешкотии во
учењето ова може да биде значаен предизвик, и поради тоа треба да се преземат сите мерки за да нема несакани последици.