Вистина е дека човечкото знаење за светот околу нас се менува со текот на времето, па некогаш прифатените „факти“ често со развојот на науката и технологијата излегуваат дека воопшто не се вистина.
Ви нудиме неколку такви податоци со кои сме се сретнале во текот на нашето образование и сме ги научиле како такви, а всушност не се вистина, основани се врз предрасуди и недоволно знаење.
Винсент Ван Гог си го отсекол увото
Доколку на училиште сте учеле дека овој познат сликар сам си го отсекол увото додека се борел со ментална болест и сиромаштија, тогаш тоа е целосно погрешно. Новото истражување открива дека увото на Винсент било отсечено од неговиот колега Пол Гаугин во расправијата која кулминирала со овој крвав чин. Двајцата сликари наводно си ветиле дека за ова ќе молчат, такашто вистината за оваа случка долго време останала тајна.
Камелеоните менуваат боја за да се „потопат“ со позадината
Ова воопшто не е вистина. Камелеоните навистина ја менуваат бојата, меѓутоа постојат многу прчини за тоа: понекогаш тоа е поради периодот на парење, некогаш поради одбрана од непријателот, а понекогаш на тој начин ја регулираат температурата. На пример, камелеоните можат да ја променат бојата од посветла во потемна за да впијат повеќе топлина и да ја задржат температурата на телото.
Колумбо ја открил Америка, а открил и дека Земјата не е рамна плоча
Може да се каже дека овие податоци и не се баш точни. Старогрчките математичар 2.000 години пред раѓањето на Колумбо работеле на формула според која претпоставиле дека Земјата е кружна и се обидувале да го пресметаат нејзиниот обем. Иако многу научници сметаат дека Колумбо ја открил Северна Америка, сепак овој континент го открил викингот Леиф Ериксон скоро 500 години пред него.
Различни делови на јазикот „перцепираат“ различни вкусови
Новите истражувања покажуваат дека пупките за вкус се наоѓаат низ целиот јазик и еднакво распознаваат различни вкусови, без разлика дали станува збор за солена вода, слатко, горко, кисело и слично. Всушност, важен е протеинот за перцепирање на кисела храна и пијалоци.
Исак Њутн ја открил гравитацијата кога му паднало јаболкото на главата
Вистина е дека паѓањето на јаболкото го поттикнал Њутн да ја смисли теоријата за гравитација, но податокот дека јаболкото му паднало на главата и дека така го просветлил, е само симпатична приказна.
Во вселената нема гравитација
Всушност има, ама е значително послаба во однос на Земјата. Гравитацијата во вселената е заслужна за задржувањето на Месечината во неговата орбита. Објектите во вселената кои изгледаат како да немаат гравитација всушност се во состојба на слободен пад.
Томас Едисон ја измислил сијалицата
Едисон всушност го купил патентот за сијалицата од вдовицата на неговиот колега пронаоѓач, Хајнрих Гобел. Пред Едисон да стане познат по овој пронајдок, на истата идеја работеле отприлика 22 пронаоѓачи.
Крвта во која има малку кислород е сина
Митот дека крвта станува црвена дури во контакт со кислородот и фактот дека крвта изгледа сино во нашите вени е лага. Ова е само последица на прекршувањето на светлината која се одбива од кожата, повторно се враќа во окото во кое се перцепира како синкаста боја. Секако дека крвта има црвена боја.
Дијамантите настануваат од јаглен
Ова не е вистина, но вистина е дека во составниот дел на дијамантот има и јаглен. Иако се состојат од истите работи, дијамантите настануваат под посилен притисок отколку јагленот такашто ко-валентните врски помеѓу јаглеродните молекули се поразлични и поцврсти.