X
 02.07.2017 Живот

Единствениот „праведен“ лежечки полицаец

Совесните возачи често се жалат дека „лежечките полицајци“ ги дискриминираат иако ги почитуваат ограничувањата во брзината бидејќи често мораат скоро и да застанат за да поминат преку нив.

policaec
Фото: Screenshot

Во Мексико го пронашле совршеното решение, а тајната е во „паметниот лежечки полицаец“ кој прави селекција меѓу возачите - казнувајќи ги несовесните, а наградувајќи ги оние кои го почитуваат ограничувањето на брзината.

Овој вид на регулирање на сообраќајот најчесто се наоѓа во близина на училиштата, градинките и помалите улици каде се вози пребрзо. Целта е да се заштитат пешаците.

„Паметните лежечки полицајци“ во Мексико се подигнуваат само тогаш кога ќе наиде автомобил кој се движи побрзо од ограничувањето. Системот се состои од камери кои ја мерат брзината на возилото и металните препреки кои се слични со обичниот лежечки полицаец.

Ако камерата го регистрира возилото кое се движи побрзо од дозволеното, тогаш препреката се подигнува и возачот кој вози побрзо од ограниченото е принуден да ја намали брзината. Ако автомобилот се движи со примерна брзина, тогаш полицаецот останува неактивен, па возачот може да продолжи да вози.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот