X
 02.07.2019 Живот

Лежечки полицајци ги казнуваат само оние што возат пребрзо

Иако се честа мета на критики, досега се покажа дека не постои друго доволно ефикасно решение кое би можело да ги замени лежечките полицајци, барем на патиштата за кои се одделува минимална сума пари за безбедност.

Меѓутоа, во земјите во кои безбедноста и превенцијата на сообраќајните несреќи се на првото место се јавуваат иновации кои би можеле да се опишат како револуционерни, а кои се ценети од страна на сите возачи што се придржуваат до правилата.

Меѓутоа, лежечките полицајци ги казнуваат и сите што се придржуваат до сите ограничувања и правила. Тоа можеби и не е преголем проблем за сите што можат да си дозволат некој појак автомобил, но за повеќето возачи претставуваат нешто што би можело да им однесе неколку стотици евра поради можно оштетување на возилата ако случајно невнимателно налетаат на нив.

Но, проблемите не завршуваат тука. Како што е и самото име, направите за смирување на сообраќајот го забавуваат текот на сообраќајот, што може да предизвика застој и непотребно губење нерви и време.



За да им се стави крај на проблемите што се поврзуваат со лежечките полицајци, иноватори од Мексико смислиле систем сличен на паметните семафори, кој ја снима брзината и по потреба крева метална бариера. Меѓутоа, ако возачите ја почитуваат пропишаната брзина, бариерата останува спуштена. Исто така, затоа што често лежечките полицајци се поставуваат пред пешачките премини, пешакот со притискање копче дава знак дека има намера да ја премине улицата, со што се активира бариерата.


Меѓутоа, ова не е прва ваква иновација. Имено, едно од решенијата, наместо бариери, користи специјална течност. При налет со поголема брзина, течноста станува покрута, со што се создава еден вид препрека на патот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот