Забавувачите на сообраќајот, колоквијално наречени лежечки полицајци, се препреки чија цел е да се намали брзината на движење на возилата на одредени делови од патот. Но, што се случува кога на нив ќе налетате со преголема брзина?
Еве едно забавно, но и поучно видео. Екипата што стои зад него често објавува слични репортажи од инженерски или научен карактер кои се снимени во забавена верзија. Тоа на публиката ѝ дава уникатен и забавен поглед одблизу на некои интересни детали, а овој пат се фатиле за лежечките полицајци.
Забавувачите на сообраќајот се физички препреки направени од асфалт или гума кои би требало да ги натераат возачите да ја намалат брзината на движење на улицата на која се поставени. Обично се поставуваат во близина на училишта, пешачки премини и слично, а познато е дека преминувањето преку нив не е најздраво за автомобилите - особено ако се врши со голема
брзина.
За снимање на видеото јутјуберите зеле „мерцедес“ Е-класа, ги тргнале деловите од каросеријата и тргнале сѐ побрзо и побрзо да ги преминуваат лежечките полицајци.
Погледнете како изгледа тоа.