Фото: Ruptly
Иднината е тука - новите високо технолошки униформи наречени „Ратник“ (војник) кои изгледаат како киборг, беа прикажани во четвртокот на отворањето на најголемиот руски центар за високотехнолошки прототипови во Москва. Неверојатната супер војничка униформа за борба ја воодушеви публиката. Вака ќе изгледаат руските војници на идните бојни полиња: футуристички, опасни и преполни со нови технолошки уреди.
Оваа униформа, на војниците им обезбедува егзоскелет кој ги зголемува нивните сили, перформанси, па дури и издржливоста за време на долгите мисии. Униформата била тајно развиена во Централниот истражувачки институт за прецизно машинско градење - место каде Русите се собираат да дизајнираат оружје и високо технолошки воени достигнувања.
„Работиме на концепт за воена униформа за иднината. Ви ја прикажуваме нашата визија за униформата која сакаме да ја развиеме во наредните неколку години“, изјави Олег Чикарев, заменик шефот на системи за оружје во институтот.
Очигледно, во иднина ќе има повеќе и повеќе роботи и киборги и човечки машини кои ќе ги заменуваат денешните просечни човечки војници. Егзоскелетони, беспилотни летала, роботизирани возила се иднината кон која се движиме.
„Гледам поголема
роботизација, всушност, идните војни ќе вклучуваат оператори и машини, а не војници кои ќе се борат еден против друг на бојното поле“, изјави генерал-полковник Андреј Григориев, шеф на Напредната истражувачка фондација.