X
 04.07.2016 Технологија

Поранешен вработен во Фејсбук: "Фејсбук е како Северна Кореја"

Помладите гледаат на компанијата Фејсбук како на нирвана, кадешто можат да возат скејтборд по ходниците, да кодираат цела ноќ и да чекаат да им дојдат парите на нивните сметки.

 

вработен


Но, поранешен менаџер на производство во Фејсбук, објави книга за Фејсбук наречена „Chaos Monkeys: Obscene Fortune and Random Failure in Silicon Valley“.

„Имавме слогани на ѕидовите, сите носевме униформи. Се чувствував како да сме Севернокорејци или Кубанци. Во тој момент ја сфатив желбата на обичниот човек да биде дел од една огромна приказна - и токму тоа бевме; бевме играчи во приказната на Цукерберг“, вели авторот на книгата, Мартинез.

Сепак, Мартинез, кој работел за компанијата во периодот помеѓу 2011 и 2013 година, сака да ви го привлече вниманието на сличностите помеѓу Фејсбук и репресивните режими.

Во извадоците од книгата објавени во „Daily Mail“, тој пишува дека компанијата има безбедносни сили кои ги нарекува „Sec“. Нивната задача е да ги следат активностите на вработените.

Тој пишува дека ако предизвикате Цукерберг да стане гневен, тогаш не ви се пишува добро. „Доколку се зафркавате со Фејсбук, тогаш обезбедувањето ќе ве исфрли како пијан хулиган“.

Тој тврди дека компанијата им држи предавања на вработените за начинот на облекување. Женските вработени исто така често биле тргнати настрана и им бил читан правилникот.

Мартинез вели дека Силиконската долина не е меритократија, туку место каде врските и случајната среќа ги води луѓето до богатство. Тој го споредува Фејсбук и со Римската империја.

Фејсбук не сакаше да коментира ништо во врска со објавувањето на книгата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија