X
 11.07.2017 Технологија

Создаден компјутер што не може да биде хакиран

Главната улога на новиот компјутер „Orwl“ е да ги заштити корисниците и нивните податоци. Имено, овој компјутер може автоматски да се уништи доколку некој физички се обиде да го хакира.

фото извор: YouTube

На компјутерот може да се инсталираат оперативните системи „Windows“, „Qubes“ и „Ubuntu“. Нуди поддршка против UEFI и DMA напади, како и против УСБ – базирани напади. Се работи за специјален, мал, сигурносен хардверски уред со вградена автентикација која се користи за управување и осигурување на пристапот кон мрежни услуги и податоци, со NFC-поддршка, кој верификува дали корисникот е авторизиран за пристап на компјутерот.

Компјутерот успешно се брани од физичко хакирање така што детектира промени во електричните компоненти дури и кога е исклучен. Ако компјутерот детектира дека некој планира физички да го хакира уредот, трајно го брише енкрипцискиот клуч, што значи дека хакерот не може да пристапи до податоците што се наоѓаат на него.

Целата оваа заштита и сигурноста имаат и своја прилично висока цена. Компјутерот ќе се појави на пазарот следниот месец по цена од 1.699 долари за моделот со „Core m3“ процесор, додека цената на „Core m7“ моделот ќе чини 2.399 долари.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија