X
 26.12.2019 Технологија

Патувате за празниците? „Гугл транслејт“ сега е достапен и кога не сте на интернет

Една од најкорисните апликации што можете да ги имате на вашиот паметен телефон кога патувате е „Гугл транслејт“. Денес речиси не е важно дали знаете некој јазик затоа што „Гугл“ ќе се погрижи да нема недоразбирање.

Досега за користење на „Гугл транслејт“ требаше да имате интернет. Со новата верзија на апликацијата повеќето јазици стануваат достапни и кога сте офлајн.

Тоа значи дека повеќе не мора да стравувате поради високите сметки за мобилен интернет кога патувате надвор од ЕУ и сакате нешто да преведете.

Доволно е да ја пуштите апликацијата „Гугл транслејт“ додека сè уште сте дома, на листата да го најдете јазикот од кој сакате да преведете нешто, изберете и кликнете на иконата „преземи“ (download). За неколку секунди базата ќе биде на вашиот уред и вие можете без интернет да ја користите апликацијата за превод.

Од „Гугл“ истакнуваат дека моментално се достапни 59 јазици во „офлајн режимот“, а точноста им е подобрена за 12 отсто. Сепак, пред да отпатувате на вашата следна дестинација проверете на страницата на „Гугл“ дали јазикот што ви е потребен е достапен офлајн.

Важно е да се напомене дека опцијата е достапна само за апликацијата на мобилните телефони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија