Убиј ги саканите личности. Верување според кое живее Џорџ Р.Р. Мартин, познатиот автор на „Игра на троновите“. Токму вака се чувствуваме кога универзитетскиот живот ни приредува прилично лоши изненадувања.
Но како оваа серија, која прикажува борба за моќ, бруталност, секс и семејни врски, може да се поврзе со студентскиот живот? Всушност, на повеќе начини отколку што мислите. Мудрост може да се најде не само кај љубезното семејство Старк туку и кај лошите Ланистер.
1. Понекогаш работите ќе тргнат на лошо
Чувствувате како светот да ви се урнал? Џон Сноу совршено може да се пронајде во оваа ситуација. За време на битката со Ремзи, војската на Ремзи се движеше право кон него. Но, за среќа, Џон Сноу излезе победник од конфликтот. Соочувањето со вашите предизвици е вредна животна лекција која ќе ве однесе чекор поблиску до вашата цел. Или можеби до Железниот престол.
2. Алкохолот може да биде решение за проблемите
Животот е тежок. Но не треба да стравувате бидејќи не секогаш треба да се соочите со дел од работите. Бегството е одличен начин да соберете сила, да се сконцентрирате на нешто друго и да се забавувате. И една до две чаши алкохол одвреме-навреме ќе ви помогнат да го ослободите мозокот од проблемите. Само немојте тоа да го правите како Серсеј.
3. Секогаш бидете учтиви
Да бидеме искрени. Сер Артур Дејн е вистински пример. Најдобриот витез во Вестерос, прилично силен и моќен, а сепак учтив и фер кон неговите противници. Никој досега не кажал лош збор за него. Ова е важна лекција за вашиот студентски живот. Учтивоста може да ви отвори многу врати и на многу места да оставите добар впечаток.
4. Никој не е совршен
„Знам дека не знам ништо“ е нешто што веќе големиот филозоф Сократ го кажал, а ние можеме да се согласиме дека Игрит совршено му кажува на Џон Сноу дека не знае ништо. Како што тој открива во текот на серијата, Игрит има цел. Никој не ги знае сите факти, сите мудрости и предвидувања. Но токму ова нè прави луѓе.
5. Треба да знаете колку вредите
Како студент, често сте само еден број или едно лице во предавалната. Ако некој ви погрешил, системот може да не забележи. Но ако не реагирате вие и не ги цените вашиот труд и вашата вредност, тогаш кој?
6. Импровизацијата е клучот
Сте ги заборавиле клучните белешки од презентацијата, сте заборавиле што сте учеле последните неколку недели? Земете пример од Тирион, кој никогаш нема лесен живот. Секогаш исмејуван од неговата сестра, за малку убиен, овој човек секогаш импровизирал во животот и секогаш му успевало.
7. На сите работи им доаѓа крајот
Колку и да е забавно да се биде студент, треба да знаете дека овој статус нема да го имате засекогаш. Вистинскиот живот може да биде вистински шок, така што, колку порано ќе почнете да размислувате за него, толку подобра ќе биде вашата транзиција.
8. Застанете зад своите неуспеси
На крајот на краиштата, неуспесите се дел од животот кои ви помагаат да учите.
9. Не трошете го времето на ужасни луѓе
Брон можеби користи прилично вулгарни зборови, но има цел. Во текот на вашиот студентски живот ќе сретнете многу луѓе. Некои ќе останат, а некои ќе го напуштат вашиот круг, додека за некои не ни вреди да го трошите своето време.
10. Прифаќајте совети
Џофри требаше да ги слуша советите на Тирион. Прифаќањето на советите од некоја личност која има големо знаење и искуство не е знак на слабост, туку покажува дека сте отворени за идеи што ви овозможуваат поглед кон
нештата на начин на кој никогаш не сте размислувале. После сè, Тирион стана рака на кралицата и на Мајката на змејовите, додека Џофри беше отруен на сопствената свадба.