X
 24.06.2017 Забава

Хотел во кој лошото време не може да ве изненади

uslovi
Фото: Thinkstock

„Marriott Hotel County Hall“ во Лондон одлучил да ја ангажира познатата шкотска водителка на временската прогноза, Кристи Мекејб, за гостите секогаш да знаат кога доаѓа лошо време.

Кристи Мекејб, која моментално работи за „Sky News“, ќе организира туристички тури и различни активности во зависност од временските услови, а на гостите на хотелот 24 часа во неделата ќе им стои на располагање во врска со прашања за времето.

„Знам колку Британците се грижат за времето кога прават планови“, вели таа.

Во понудата исто така ќе се најдат 12 соби кои ќе реагираат на временските услови во реално време, па така, во собите ќе светат тераписки ламби доколку во тој момент надвор биде врнежливо.

Гостите ќе имаат и свој посебен фризер, кој ќе им помогне да се изборат со лошото време, а персоналот, во зависност од тоа дали е сончево или врнежливо, во собите ќе носат чадори или производи за нега на кожата со заштитен фактор.

Out front this morning.

A post shared by Frank William Miller Junior (@fwmj) on

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава