На 24 мај беа доделени наградите од
Конкурсот за средношколски есеи организиран од Институтот за култура при Меѓународниот славјански универзитет. Првото место ѝ припадна на ученичка од Прилеп.
Опфатени беа повеќето училишта за средно образование од земјава. Сите пристигнати есеи се издадени во збирка со наслов „Средношколски размислувања 3“ и секој од учесниците ќе добие по еден примерок од публикацијата.
Од пристигнати вкупно 168 есеи напишани од 104 талентирани автори, жирито ги издвои следниве победници:
Првото место ѝ припадна на Бисера Батаклиева од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, а нејзиниот есеј беше на тема „Сакам да пишувам за…“ Наградите што беа предвидени за првото место се златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија во висина од 300 евра.
Второто место беше за Ива Станојковска од СОУ гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово, која пишуваше на тема „Субјект број 7101“. Наградите што следуваа за второто место се сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија во висина од 200 евра.
Третото место го освои Марија Петрушева од СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе со есејот на тема „Ковчег преполн со солзи и сеќавања“, а наградите што ги доби беа плакета, комплет книги и стипендија во висина од 100 евра.
(Комерцијална објава)