X
 28.07.2017 Живот

Бил Гејтс повеќе не е најбогатиот човек на светот

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја презеде титулата на најбогат човек на светот од Бил Гејтс, со богатство од 91.4 милијарди долари. Тој сега има за 1.4 милијарди долари поголемо богатство од основачот на „Мајкрософт“.

фото извор: Nick Cote/The New York Times

Безос поседува 17 проценти од акциите на „Амазон“, чија вкупна вредност пораснала на повеќе од 500 милијарди долари. Откако ја основал платформата на Интернет продажба, Безсо се сконцентрирал на работата со вселенската ракета „Блу Ориџин“ и американскиот весник „Вашингтон Пост“, кој во 2013 година го купи за 250 милиони долари.

Порано годинава, платил 23 милиони долари за стар музеј за текстил во Вашингтон и го претворил во семеен дом, а соседи му се семејството Обама и Иванка Трамп. Порастот на акциите во технолошкиот сектор, довеле до зголемување на богатството на Безос, како и на Марк Цукерберг, кој пак поседува 72.6 милијарди долари.

Аналитичарите проценуваат дека вредноста на акциите на „Амазон“ и натаму расте. Компанијата е основана во 1994 година и сега се наоѓа на четврто место на највредни светски компании.

Во почетокот на платформата се продаваа книги, но потоа продажбата се рашири и на останати производи. Седиштето на компанијата се наоѓа во Сиетл.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот