Расте невработеноста во светот оваа година, но тоа не е случајот со американската компанија „Амазон“. Заклучно со октомври, компанијата вработила 427.300 луѓе и сега има 1,2 милион работници, покажува извештај на „Њујорк тајмс“. Тоа значи дека „Амазон“ вработувала во просек по 1.400 луѓе дневно оваа година.
Во моментов „Амазон“ се наоѓа на петтото место на
листата со компании со најмногу вработени во светот. Американската компанија „Волмарт“ има најмногу вработени - 2,2 милиона.
Компании со најмногу вработени
1. „Волмарт“ (Walmart), САД
2. „Чајна нешнал петролеум“ (China National Petroleum), Кина
3. „Чајна пост груп“ (China Post Group), Кина
4. „Стејт грид“ (State Grid), Кина
5. „Амазон“ (Amazon), САД
Доколку „Амазон“ продолжи да вработува нови луѓе со овогодишното темпо, ќе ја надмине „Волмарт“ за 2 години.
Иако многу работници во „Амазон“ неодамна се закануваа со штрајк поради условите за работа, веројатно компанијата нема да има проблем да вработува нови лица во следниот период. Само во една недела во средината на септември компанијата примила речиси 400.000 апликации за работа. Тоа се 38 апликации во минута.
Автор: Аманда Шендрук
Извор:
weforum.org
Насловна фотографија:
Pixabay