Ви изгледа ли некогаш, кога ги следите социјалните мрежи, дека сите се забавуваат повеќе од вас? Одговорот е едноставен. Не се забавуваат повеќе од вас, само така изгледа.
Не треба да нè залажуваат фотографиите на луѓето од забави, состаноци, плажи затоа што не е сè така како што изгледа. Следното видео ќе ве увери во тоа.
Креирано е од американска организација која функционира во САД, Велика Британија и во Мексико, а целта на краткиот филм е да покаже дека „совршените“ животи што луѓето презентираат дека ги живеат, всушност и не се така совршени. Видеото покренува многу важни прашања поврзани со вистината, перцепцијата и идентитетот.