Владата со одлука го промени на начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.Oд следната година граѓаните ќе бидат ослободени од обврската самите да поднесуваат годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи.
Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.
Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.
Се проценува дека годишно даночната пријава ја поднесуваат над 300 илјади граѓани.