Јасно е дека технологијата сè повеќе се развива и се користи во сите области од животот, но секогаш е интересно да се слушне на кој начин властите од различни држави ги користат предностите од тој развој.
Грчките даночни власти соопштија дека првпат користеле дронови за да можат да ги откријат сопствениците на бродови од Санторини што ги водат туристите на разгледување на вулканскиот кратер, а кои за тоа не даваат сметки.
Грчката Управа за јавни приходи соопшти дека таа мерка е преземена минатата недела, кога биле следени девет брода за туристи. Било утврдено дека во таа пригода биле затаени 25.000 евра данок.
Повеќе од 27 милиони туристи ја посетиле Грција минатата година, што е за речиси 10 отсто повеќе во споредба со 2016
година.