X
 05.08.2017 Култура

Остров што може да се посети само еднаш годишно

Речиси заборавениот остров во северните краеви на Шкотска, изгубен меѓу сите острови, крие многу тајни. Ејнхалоу може да се посети само еднаш годишно.

1
Фото: Mike MacEacheran

Имено, Здружението за културно наследство „Оркнеј“ секое лето организира патување до овој остров, оддалечен околу 500 метри од шкотскиот брег. Туристите што сакаат авантура и кои сами можат да веслаат до Ејнхалоу, го прават тоа на сопствен ризик и одговорност. Силната струја во каналот е особено опасна и локалното население има добри причини за избегнување на островот.

„Секој ден го гледам. Истовремено, воопшто не го сфаќам“, вели земјоделецот Боб Нелсон, кој секој ден го гледа островот од својот дом од другата страна на теснецот.

2
Фото: Mike MacEacheran

Овој остров често се споредува со Атлантида на Платон. Заборавениот остров е висок 40 метри, а широк околу еден километар. Атласите од овој дел од светот најчесто го заобиколуваат, а нема некои други обележја со кои ќе се разликува од стотиците други острови и архипелази.

Но, овој остров некогаш бил населен. Првпат се споменува во легендите за Оркнеј некаде во 13 век, но тешко е да се каже кога настанале првите градби. „Населението вели дека островот постоел меѓу светови, што донекаде е и точно. Сигурно знаеме дека чума го погодила островот околу 1851 година и населението избегало. Локалните власти ги отстраниле покривите од сите куќи за никој да не се врати“, вели археологот Ден Ли.

3
Фото: Alamy

„Ејнхалоу може да се преведе како свет остров, но никој не знае зошто островот е толку важен. Интересно е тоа што  Оркнеј е единствено место во Западна Европа без потврден манастир, а сè укажува на тоа дека главното христијанско светилиште било токму на овој остров“, вели Ли.

На кое било друго место ваквото откритие би било наградено со стипендија за истражување, но Оркнеј е богат со слични археолошки локалитети на многу подостапни локации, па Ејнхалоу ќе ги чува тајните уште некое време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура