Ц. и Г. Зангаки биле двајца грчки браќа кои биле активни фотографи во Египет од 1870-тите до 1890-тите. Не постојат дополнителни информации за нив, дури и нивните имиња се спорни.
Браќата создавале фотографии главно како сувенири за европските туристи, а на нивните фотографии можат да се видат античките египетски урнатини и раздвижените современи градови Каиро и Порт Саид, како и неколку „типови“ на
египетски народи.
Фотографии: Rijksmuseum via Europeana