Дубаи гради цел остров инспириран од Лас Вегас. Овој остров од 10,5 хектари ќе биде изграден од компанијата „Васл“ за 1,2 милијарди долари.
На островот ќе има хотели кои се познати во Лас Вегас, а во кои ќе има вкупно 1.400 хотелски соби и апартмани, како и продавници и ресторани.
Проектот се смета за најголем во Дубаи од 2017 година. Изградбата веќе е во тек, а тој се наоѓа во близина на хотелот „Бурж Ал Араб“.
Извор:
Luxury launches
Насловна фотографија:
BSB Group