Денес е понеделник, 7 август 2017 година, 219-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 05:28, а ќе зајде во 19:48 часот. Денот ќе трае 14
часа и 20 минути.
Позади нас е една навистина топла ноќ, можеби и најтоплата оваа година,
бидејќи синоќа во 20 часот имавме температури кои што се движеа од 23 до
35 степени. Сончево и многу топло време имаме и во утринските часови со
температури кои што се високо над просекот за овој период од годината.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во понеделник уште еден температурно тропски
ден, иако ќе имаме помалку сончеви периоди барем во попладневните
часови. Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево
и многу топло. Попладне појава на локална облачност која што во
западните, северозападните како и во североисточните и источните предели
може да услови развој на нестабилност која што ќе донесе слаби и локални
врнежи од до0жд кои што ќе бидат пропратени со грмотевици како и услови
за појава на град. Условите за оваа појава се минимални но секако дека
мора да се напомене. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец.
Минималните температури од 16 до 25 степени, додека пак максималните
дневни ќе достигнат до 32 односно до 42 степени. УВ индексот ќе има
вредност 9.
СКОПЈЕ - Во Скопје тропски ден, сончево и многу топло. Попладне
наоблачување и услови за развој на нестабилност која што попладне може
да услови локални врнежи од дожд и појава на град. Слаб североисточен
ветер. Утринскататемпература од 22 степени, додека пак максималната
дневна до 40 степени. УВ индекс 9.
Поради високите температури и високата вредност на ув индексот се
препорачува избегнување на дирекна изложеност на сонце не подолга од 15
мин во периодот од 10 до 17 часот, ова особено е важно за бремените жени
и хроничните болни. Поради опастност од топлотен удар и сончаница треба
да се избегнуваат работни активности на отворено.
Поради високите температури постои и екстремно висока опасност од појава
на пожари, затоа се препорачува да се избегнува палење на оган на
отворено и фрлање на отпушоци од цигари.
И уште еден апел до возачите доколку тргнуваат на пат, треба да се
избегнуваат најтоплите делови од денот за патување, да се прават паузи
на секои 2 часа и да бидат внимателни бидејки е сезона на годишни одмори
па низ патиштата има и зголемена фрекфенција на возила.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник претежно сончево време со појава на
локална облачност и топло време, попладне во западните и источните
предели со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Дневната
температура од 31 до 41 степени. Во среда претежно сончево време со
појава на локална облачност и многу топло време со температури од 32 до
42 степени. Сончевото време и тропските температури ќе продолжат и во
четврток и петок кога ќе биде многу топло. Утринските температури од 16
до 25 односно од 14 до 23 степени, додека пак максималните дневни ќе
достигнат до 32 односно до 42 степени.
Weather4all.com.mk