X
 08.08.2017 Живот

Што значат кодовите на пласитчните производи?

Добро ни е познат знакот со стрелки на пластичните шишиња и продукти. Иако сме сметале дека симболот значи дека производот може да се рециклира, сепак, тоа не е неговото значење. Бројките во триаголникот од стрелки всушност ја покажуваат вистинската приказна.

фото извор: eartheasy.com

Бројките се движат од 1 до 7, а нивната цел е да го идентификуваат видот на пластиката. Не може да се рециклира секоја пластика. Значи дека постојат 7 пластични кодови:

1. „PET“

Ова е најчесто користена пластика и најмногу се забележува кај шишиња вода. Оваа пластика може да се рециклира, но производите од оваа пластика не може повторно да се користат.

2. „HDPE“

Пластика што обично се користи за шишиња за масло, детергенти, тетрапак-млеко, играчки и некои пластични кеси. Може да се рециклира и се смета за најсигурната форма на пластика. Производите со оваа пластика можат и повторно да се употребат.

3. „PVC“

Мека, флексибилна пластика која се користи за да се направат садови за заштита на храна, шишиња за масло за готвење, играчки и слично. Се користи и како материјал за компјутерски кабли и делови за водоинсталација. Исто така, се прават рамки за прозорци, градинарски црева. Содржи многубројни токсини и само 1% може да биде рециклиран.

4. „LDPE“

Пластични кеси за намирници, корпи што се користат за облека. Понекогаш се поставува и во мебел и во облека. Се смета за помалку токсична од друга пластика и релативно е безбедна за употреба. Се рециклира, но не толку често, а производите направени од оваа пластика можат да се користат повторно, но не и секогаш да се рециклираат.

5. „PP“

Тешка пластика и отпорна. Се користи како бариера против влага, масленост и хемикалии. Ја има во пелени, капачиња, јажиња, кеси за чипс, чаши за јогурт. Може да се рециклира, но во САД, на пример, во моментов се рециклираат само 3% од производите со ваква пластика.

6. „PS“

Пластика која лесно се формира и може да се користи за повеќе примени. Картони од табли јајца, пластични садови за пикник, чашки за пијалаци, садови за јаткасти плодови, садови за складирање храна. Лесно е кршлива и често може да се најде во животната средина. Содржи низа хемикалии кои се поврзани со човечкото здравје и дисфункција на репродуктивниот систем. Рециклирањето не е распространето, бидејќи нема многу компании што ја прифаќаат оваа пластика за рециклирање.

7. Други видови („BPA“, „LEXAN“)

Пластики од кои се прават шишиња за бебиња, делови за автомобили и слично. Производите од овие пластики не може повторно да се користат, а и не се рециклираат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот