Сигурно си мислите дека користењето една пластична виљушка нема да има драматично влијание врз светот, но замислете кога ова си го велат 7,7 милијарди луѓе - сликата е навистина застрашувачка.
Едноставно, се давиме во пластика.
Светлата страна е дека сè поголем број луѓе се заинтересирани да ја спасат нашата планета затоа што се свесни за заканите што ги предизвикува отпадот и фактот дека ние сме голем дел од проблемот. Сите инспиративни приказни за позитивни еколошки движења низ целиот свет, вклучувајќи го и #trashtag предизвикот, нè инспирираат да се приклучиме во борбата за посветла иднина.
Уште еден обид во борбата против незнаењето и обезбедување подобро утре е меѓународната непрофитна организација „SSCS“ (Sea Shepherd Conservation Society) чија цел е да ги заштити екосистемите и видовите животни во светските океани. Организацијата се здружи со рекламните агенции „Трајбал ворлдвајд Сао Пауло“ и „Ди-ди-би Гватемала“, создавајќи шокантни кампањи за пластиката и подигнување на свеста.
3Д-плакатите прикажуваат две морски животни, желка и фока, како страдаат од последиците од невнимателното фрлање пластика и ја пренесуваат пораката што отвора очи: „
Пластиката што ја користиш еднаш ги мачи океаните засекогаш“.
Фото: Sea Shepherd
Фото: Sea Shepherd