Хрватскиот град Шибеник најави нова мерка која има цел да ги поттикне жителите да го рециклираат отпадот. Со новите правила, луѓето кои редовно го рециклираат својот отпад ќе плаќаат помала комунална такса. Меѓутоа, само малку грешки може да доведат до губење на статусот за плаќање намалена комунална такса таа година.
Локалните власти се надеваат дека на овој начин ќе го намалат загадувањето од отпадот кој непотребно завршува на депониите. Од градот известиле дека за да плаќаат намалена комунална такса, жителите треба да го делат отпадот на биолошки отпад, отпад кој може да се рециклира, опасен материјал, мешан отпад и доколку се во можност, отпад за компостирање.
Жителите кои ќе бидат откриени дека направиле грешки во правилата за класифицирање на отпадот над 3 пати ќе го изгубат правото на намалена комунална такса цела година. Освен тоа, најавени се и дополнителни поволности за домаќинствата кои ќе произведат помалку од 240 литри отпад во годината.
Жителите може да добијат намалување на комуналните такси за 30-50 отсто. Шибеник очекува новите правила да ги намалат трошоците за управување со отпад на градот, што го оправдува намалувањето на таксата.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay