Најдобри од најдобрите, најдраги и најинтересни; жени-фотографи за кои нивните фотографии ќе кажат многу повеќе отколку самите информации.
Ени Лебовиц
Оваа жена се издвојува по многу работи, а една од нив е можноста последна да го фотографира Џон Ленон на денот на неговата смрт. Фотографиите биле користени во наредните два албума што биле објавени постхумно. Таа е и првата жена што одржала изложба во Лондонската државна галерија. Се занимава со фотографирање портрети, а во својата кариера успеала да фотографира многу славни личности, како што се членовите на „Ролинг стоунс“, Кира Најтли, Скарлет Јохансон, Анџелина Џоли, Вуди Ален, Сузан Сарандон итн.
Доротеа Ланг
Влијателна документаристка и новинарски фотограф чии најважни дела настанале во текот на големата економска криза. Таа ја покажувала човечката страна и трагичните последици од оваа криза, притоа влијаејќи врз развојот на документаристичките фотографии. Нејзината најславна фотографија е „Мајка мигрантка“, направена во 1935 година во Калифорнија. Оваа фотографија воедно е и најрепродуцираната во нејзината кариера, а врз нејзина основа го добила епитетот „фотограф на народот“.
Синди Шерман
Синди ја стекнала својата репутација со автопортретите во серија фотографии наречена „Untitled FIlm Stills“, која опфаќала 69 фотографии во кои ги претставила женските икони на 20 век во поп-културата. Нејзините фотографии оставаат слободен простор за интерпретација бидејќи постојано ја доведуваат во прашање женската улога во историјата и современата уметност. Подоцнежните дела во боја вешто комбинираат различни техники, стилови, но и монтажи на делови, кои на пародиски начин привлекуваат внимание на идеалите за убавина.
Сели Мен
Најпозната по црно-белите фотографии, кои на почетокот ги прикажувале нејзините деца, а подоцна пејзажи, оваа уметница вешто ја нагласува минливоста и смртноста на човекот. Магазинот „Тајм“ ја прогласи за најдобра фотографка во светот во 2001 година, а некои од нејзините фотографии се појавија и на насловните страници на магазинот „Њујорк тајмс“.
Ени Геде
Оваа уметница посебен акцент става на децата и потребата да ги заштити. Користејќи различни техники, импровизира и ги става децата во различна положба во комбинација со предметите. Токму затоа е една од најомилените жени-
фотографи во светот. Нејзиниот стил целосно се разликува од другите, а често изработува и посебни лимитирани календари со деца кои се извор на креативноста и инспирацијата. Доволно се зборови, погледнете и уверете се сами.