X
 12.08.2017 Живот

Предупредување до жителите на Гуам: Подгответе се за напад

predupreduvanje

Напнатоста помеѓу Северна Кореја и Америка расте, па на жителите на Гуам им е дадено предупредување во случај Пјонгјанг да ја оствари заканата и да лансира четири проектили на овој остров.

Канцеларијата за цивилна одбрана на Гуам издаде брошура со која ги предупредува и советува жителите што да прават во случај Северна Кореја да ги лансира проектилите кон овој остров каде се наоѓаат две американски воени бази - една воздухопловна и една морнарица.

Во брошурата со наслов „Подготовка за непосредна закана од проектили“, на жителите на Гуам им се препорачува во случај на северно-корејски напад да не гледаат во експлозијата и да побараат засолниште во цврста структура, по можност под земја.

Во предупредувањето се наведувааат и упатства поврзани со изложувањето на радијација.

„Ако е можно, истуширајте се со многу вода и сапун за поуспешно да ја отстраните радиоактивната контаминација“, пишува во брошурата.

Северно-корејската закана кон Гуам, американска територија во Пацификот позната по своите бели песочни плажи, дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Пјонгјанг со „оган и бес какви што светот никогаш не видел“.

Пјонгјанг тврди дека воениот врв на Северна Кореја овие дена завршува со плановите за напад со четири проектили со среден досег „Хвасонг-14“, што би требало да паднат во морето на помалку од 40 километри оддалеченост од Гуам.

На овој остров живеат 160,000 жителите, а откако режимот во Пјонгјанг за цел го зела овој остров, жителите не можат да ја сокријат нивната загриженост.

„Не знаеме дали овој пат Северна Кореја ќе ги исполни своите закани. Бидејќи на овој остров се наоѓа голема количина на американско оружје, сè што можеме да направиме е да се молиме и да веруваме дека сè ќе биде во ред“, вели еден од жителите на островот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот