Зимата конечно дојде и тоа не само во Вестерос туку и во Америка, вели писателот Џорџ Р.Р.Мартин.
Мартин на претседателските избори ѝ даде поддршка на Хилари Клинтон, па поради победата на Трамп со јавноста соопшти огорчен пост на социјалните мрежи.
„Трамп е најмалку квалификуваниот претседателски кандидат некогаш номиниран од некоја поголема партија. Во јануари ќе стане најлошиот претседател во американската историја и опасно нестабилен играч на светската сцена. Во текот на наредните четири години нашите проблеми ќе станат многу, многу полоши“, пишува Мартин.
За крај, славниот писател напиша: „Ви реков дека зимата доаѓа“.